Вторник, 17 Август 2010 16:04
Само денес , документи поднесоа околу 2.000 идни бруцоши, што ветува дека бројката од 5.823 слободни места, оваа студиска година ќе се пополни.
Во регионов, сушата наплаќа за вода. Откако, температурите драстично се зголемија, а на посевите почна да им се заканува опасност од исушување, земјоделците ги одврзаа ќесињата и водата за наводнување си ја платија.
Ако не залутаат, странци во Штип не доаѓаат. Од вкупно 4.755 странски туристи колку што летово биле во нетуристичките градови во Македонија, во Штип дошле одвај околу 300.
Од денес, в.д. директор на Исар е Игно Иванов, досегашен и долгогодишен раководител на РЕ Паркови и зеленило. Ова на сите раководители и вработени на претпријатието утринава им го соопшти Тоше Тулиев, претседател на УО на Исар.







